Ѓоковиќ дури 255 седмици е на врвот на АТП листата

369

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе 255-та седмица се наоѓа на првото место на АТП рејтинг листата.

Србинот дури и ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал и покрај тоа што Шпанецот вчера триумфира на Грен слемот „Ролан Гарос“. Имено, Надал само ги одбрани поените освоени минатата година, додека Ѓоковиќ со пласманот во финалето освои нови.

Пласман на првите 10 тенисер на најновата АТП листа објавена денеска:
1. Новак Ѓоковиќ 12.715 поени
2. Рафаел Надал 7.945
3. Роџер Федерер 6.670
4. Доминик Тим 4.685
5. Александер Зверев 4.360
6. Стефанос Циципас 4.215
7. Кеи Нишикори 4.040
8. Кевин Андерсон 3.565
9. Карен Качанов 2.980
10. Фабио Фоњини 2.785.

Фото: EPA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...