Ѓоковиќ доби нов тренер – братот Марко

422

Новак Ѓоковиќ оваа недела учествува на Мастерсот во Мадрид, но без тренерот Марјан Вајда, кој се врати на таа функција минатото лето.

Ноле сепак нема да биде сам во Мадрид, бидејќи има нов тренер – неговиот брат Марко, кој ја заврши својата играчка кариера и почнува да работи како тренер.

– Мило ми е што член на семејството е со мене, особено поради тоа што станува збор за мојот брат. Марјан има семејство и не му е лесно постојано да патува. Марко почна да работи како тренер и сфатив дека би можел да ја преземе таа улога во мојот тим – изјави Ѓоковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...