Ѓоковиќ го победи Надал на АТП Купот во Сиднеј

375

Новак Ѓоковиќ забележа нова победа над Рафаел Надал, откако Србинот победи во 6: 2, 7: 6 (4) во вториот натпревар од финалето на АТП Купот.

По победата, Србија го израмни резултатот на 1:1 и претстои одлучувачки дуел во двојки. Претходно денес, Роберто Баутиска Агут го совлада Душан Лајовиќ со 6:1, 7:5.

Ѓоковиќ ја запиша својата седма победа по ред над Надал на тврди терени. Неговиот последен пораз светскиот број 1 на оваа подлога беше во финалето на УС Опен 2013.

Минатата година Новак ја освои седмата титула на Австралија опен, а во битката за трофејот го нанесе единствениот пораз на Рафа во три сета во финале на Гренд Слем турнир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...