Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 32. Мастерс титула во кариерата, откако денеска во финалето во Шангај го победи Хрватот Борна Чориќ 6:3 и 6:4.
За Ѓоковиќ ова е четврти трофеј во Шангај до кој дојде без загубен сет.
Претходно српскиот тенисер ги освои Вимблдон, УС Опен и Синсинати и докажа дека вториот дел од годината е без конкуренција најдобар.
Од утре Новак и официјално е број два на АТП светската ранг листа и ќе биде многу близу до лидерот Рафаел Надал со можност да го престигне по Мастерс во Париз.
Мастерсот во Шангај се играше за награден фонд од седум милиони долари.