Ѓилас: ЕУ мижи пред случувањата во Србија

Врз основа на резултатите на тој индекс, кој оценува како земјата спроведува реформи во процесот на интеграцијата во ЕУ, Северна Македонија како награда од ЕУ добила 50 милиони евра, Албанија 28 милиони евра, додека „Србија, согласно оценката која ја доби за својата работа режимот на (претседателот Александар) Вучиќ, доби нула евра, оцени Ѓилас.

146

Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас изјави денеска дека оценката на шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Сем Фабрици, дека ЕУ не мижи на настаните во Србија, е точна колку и изјавата „дека европската интеграција на Србија е реалност“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Реалноста е дека, според извештајот на стручните служби на Комесеријатот на Европската комисија за проширување според индексот за успехот во исполнувањето на условите за пристапување во ЕУ, Србија со оценка 2,38 е зад Албанија и Северна Македонија (3,13), Црна Гора (2,88) и Косово (3,00), се наведува во отвореното писмо на Ѓилас до амбасадорот Сем Фабрици, во кое се додава дека зад Србија е само Босна и Херцеговина со оценка 2,0.

Врз основа на резултатите на тој индекс, кој оценува како земјата спроведува реформи во процесот на интеграцијата во ЕУ, Северна Македонија како награда од ЕУ добила 50 милиони евра, Албанија 28 милиони евра, додека „Србија, согласно оценката која ја доби за својата работа режимот на (претседателот Александар) Вучиќ, доби нула евра, оцени Ѓилас.

Тој кажа дека според ова „јасно е дека на овој начин европската перспектива на Србија не само што е забавена, туку и ставена под знак прашалник“.

Ѓилас истакна дека сепак „целата ЕУ не мижи на ситуацијата во Србија“ и оти повеќе европратеници се заинтересирани за „диктатурата“ во Србија и зборуваат за тоа.

– Мижи само дел од бриселската администрација, чиј дел сте и Вие, г-дин Фабрици – му порача Ѓилас на амбасадорот на ЕУ во Белград.

– Бидејќи можам да видам дека, и покрај вашето слушање, г-дин Фабрици, не сте успеале да запомните сѐ што денес на граѓаните им се случува во Србија, а за што Вие би требало да го информирате Брисел, решив да ви доставам примери на хартија. Полесно е да се запомни кога се чита отколку кога се слуша – напишиа Ѓилас, приложувајќи притоа 20 примери (афери) како „режимот на Вучиќ ги малтретира граѓаните и ја уништува Србија“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...