Екипата на Ѓер е првиот финалист на Фајнл форот од женската Лигата на шампиони што се одржува во Унгарија.
Унгарките со убедлив резултат од 26:20 го совладаа тимот на ЧСМ Букуреш во првото полуфинале.
Ѓер е бранител на титулата од минатата година кога во продолженија ја совладаа екипата на Вардар.
Вардарки во 18 часот го играат второто полуфинале против рускиот шампион Ростов Дон.
Ова е петта и последна шанса за македонските шампионки да го донесат трофејот од ЛШ во Скопје земајќи предвид дека ѕвездениот тим се распаѓа по завршувањето на сезоната.
ФОТО: ЕХФ