Шутот на Лукаку крши голмански раце

433
ФОТО: EPA / ROBERTO BREGANI

Првиот голман на италијанскиот калчолигаш Наполи, Алекс Мерет, денеска го нема во првиот состав во дербито против Лацио. Како што пишуваат италијанските медиуми, тој ги пропуштил и тренинзите во текот на минатата недела поради повредата на рачниот зглоб.

Според медиумите, повредата ја здобил на претходниот натпревар кога тимот на Наполи убедливо загуби од Интер. Причина за повредата бил бомбастичниот шут на Ромелу Лукаку при постигнувањето на неговиот прв гол.

Како што наведуваат италијанските портали, брзината на топката што се движела кон мрежата на Мерет изнесувала неверојатни 111 километри на час, па обидувајќи се да го заштити својот гол, наполитанскиот чувар буквално се жртвувал себеси. Но, безуспешно. Топката сепак заврши зад неговиот грб, а тој заработи повреда.

На денешниот натпревар против екипата на Лацио, голот на Наполи го чува искусниот Давид Оспина.

ФОТО: EPA / ROBERTO BREGANI
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...