Штрајк во Фондот за здравство в понеделник

361

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ ќе го одржи веќе најавениот штрајк, кој ќе се одржи на ден 30.12.2019 година, информираа денеска од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија. 

Штрајкот ќе се одржи откако раководството на ФЗО не одговори на барањата на синдикатот ниту пак се одзва на повикот за решавање на проблемите во синдикатот. Раководството не се одзва ниту на периодот даден за договор и социјален дијалог пред одрќување на штрајкот на вработените, напротив има игнорантски однос спрема синдикатот и вработените во фондот.

Откако раководството не се произнесе по барањата, синдикатот ќе го одрќи најавениот штрајк и ќе продолжи со своите активности доколку продолжи ваквиот однос од страна на институцијата.

Ги повикуваме сите вработени на солидарност, да излезат и да го поддржат штрајкот бидејќи ова е борба за подобри работнички права и услови кои очигледно не се предмет на меѓусебна расправа и социјален дијалог.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...