Околу 80 проценти од основните и средните училишта во Холандија денеска не работат поради штрајк на просветните работници.
Протести на просветните работници има и во другите градови на Холандија, а во Ротердам се одржува и марш.
Штрајкот на просветните работници се одржува во исто време додека во Владата се дебатира за буџетот за образованието.
Просветните работници се одлучија на штрајк и покрај тоа што Владата на премиерот Марк Руте минатата недела постигна договор со синдикатот за дополнително инвестирање во образованието од 460 милиони евра, со цел да се вработи нов кадар, за подобрување на условите за работа и за зголемување на платите.