Комисијата за политички систем ќе организира јавна расправа по предложениот текст на законот за јавно обвинителство во вторник. Најаевено е дека на расправата се поканети домашни и странски експерти како и државниот обвинител Љубомир Јовески.
Според лидерот на СДСМ Зоран Заев законот мора да се гласа најдоцна до 11 февруари, ден пред распишувањето на предвермените парламнетарни избори.
Лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, денеска изјави дека ќе учествува на јавната расправа но подршка ќе дадат само доколку има интерес за промени на членот 64 кој се однесува на изборот и разрешувањето на државниот обвинител како и преодните и завршни одредби.