Што се случува со телото кога ќе прескокнете оброк?

Како прво се случува да падне нивото на шеќерот во крвта, а тоа влијае на сите органи во човечкиот организам.

786

Можеби и самите сте поминале покрај тоа, во желбата да ослабете, па сте избегнале ручек, вечера или можеби појадок. Ова е најлошата опција која можете да ја одберете.

За време на гладувањето во организмот се случуваат неверојатни процеси. Како прво се случува да падне нивото на шеќерот во крвта, а тоа влијае на сите органи во човечкиот организам. Се јавува чувство на замор и исцрпеност, се успорува метаболизмот, се успорува и согорувањето на калориите.

Со сето тоа, и мозокот преминува во посебна состојба.

Без храната која овозможува енергија, мозокот преминува во посебна состојба. Се менуваат човечките интелектуални и емотивни функции. Личноста станува раздразлива, а концентрацијата и памтењето послаби, велат нутриционистите.

Кога конечно ќе јадете, организмот ќе почувствува олеснување, но само накратко. Ако избегнувате оброци почесто, долгорочно ќе имате проблеми со лош метаболизам, нивото на шеќер во крвта ќе биде нестабилно, а телото со време ќе се нафрли на мускулите како единствен извор на „гориво“. Со други зборови, прескокнувањето на оброци, сериозно влијае на организмот и го слабее, а последиците можат да бидат кобни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...