Ова лето се одбележува 50-годишнината од бунтот Стоунвол, серија судири во населбата Гринич Вилиџ во Њујорк, која сега се памети како клучен настан во раѓањето на ослободителното геј-движење од 70-тите и 80-тите. (Всушност, тоа е причината поради која месецот на гордоста е во јуни.) Немирите во Стоунвол доведоа до првата геј Парада на гордоста, една година подоцна – во 1970 година, а оние кои учествуваа во шестдневните немири во и околу Стоунвол одиграа широка и витална улога во историјата на борбата за еднаквост на ЛГБТК-лицата.
Но, за да сфати што точно се променило оттогаш (и што не е), важно е да се разбере каков бил животот како квир Американците кон крајот на 1960-тите – конкретно, законите и општото малтретирање што ги постави темелите за тоа зошто се случи, и зошто тоа се случи во Стоунвол.
Што беа нередите во Стоунвол?
Нередите во Стоунвол се познати и како востание на Стоунвол: зборот„неред” сугерира дека тоа е еден изолиран и исклучиво насилен настан, но конфликтите меѓу њујоршката полиција и демонстрантите траеја неколку дена по иницирачкиот инцидент.
Во раните утрински часови на 28 јуни 1969 година, четворица полицајци упаднаа во „Стоунвол ин“, геј-клуб во Гринич Вилиџ во Њујорк. Тие почнаа да ги апсат муштериите кои сè уште не си заминале од барот за пиење во просторот што работел без лиценца за алкохол (повеќе за тоа подоцна). Полицајците, исто така, побарале карти за идентификација од оние што носеле облека и шминка, која тие ја сметале за незаконски родово несоодветна.
Ова се случувало во „Стоунвол ин“ и во секој геј-бар во Њујорк и претходно, но оваа вечер беше поинаква.
– Отидовме на Кристофер Стрит – напиша на Сторикорп муштеријата и сведок од „Стоунвол ин“ – Мајкл Левин, потсетувајќи се на тогашните настани – имаше околу 100 полициски автомобили на влезот и толпа луѓе што гледаат во нас.
Некои извештаи упатуваат на одложување на пристигнувањето на полициските возила како една причина што надвор почнале да се формираат тесни грла; други велат дека по долги, уморни години на прогонство, на муштериите разбирливо им дошло преку глава. Она за што сите се согласуваат е дека до пресврт дошло кога една лезбијка, која била удрена од полицаец откако се спротивставила на апсењето, ја поттикнала толпата со зборовите: „Зошто не преземете нешто?”
Направете нешто, и тие направија. Клиентите на Стоунвол и нивните поддржувачи почнаа да фрлаат монети и други предмети кон зголемениот број полицајци и пожарникари. Десетмина полицајци се забарикадираа во барот за време на немирите; толпата ја запали барикадата. Драг квинс и транс-жени стоеја на линијата на фронтот.
„Драг квинс – тие се оние кои ѝ рекоа на полицијата: „Ние не си заминуваме.“ И тие формираа линија надвор од барот. Тие стоеја таму, танцуваа на улицата. Сите тие беа порторикански драг квинс и ирските полицајци“, се присети Левин.
– Имаше повеќе гнев и повеќе борба втората ноќ – рече учесникот во стоунвол-настаните Дени Гарвин, во документарецот на Пи-би-ес „Востанието Стоунвол“. – Немаше враќање сега, немаше враќање назад, не, бидејќи откривме сила за која не ни бевме свесни дека сме ја имале.
Во наредните денови, ескалацијата на бруталноста на полицијата и притисокот на демонстрантите станаа национални вести. Исто така, инспирираше хомосексуални, лезбијски и транс-групи да се самоорганизираат, што доведе до првите американски геј-паради во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго и Сан Франциско една година подоцна.
Зошто се случија стоунвол-нередите?
Рациите станаа вообичаени во баровите за хомосексуалци во тоа време, бидејќи законите на државната територија за алкохолни пијалаци ги направија овие барови нелегални – СЛА не издаваше дозвола за алкохол за која било установа што служи за „неуредни” муштерии (и, очигледно, да се биде геј било „неуредно” однесување). Како такви, ако геј-баровите сакале да работат, морале да го прават тоа нелегално. На тој начин мафијата, посебно семејството Џеновезе, стана сопственик на „Стоунвол ин“.
Понатаму, за декларираните хомосексуалци и трансродови луѓе, во основа тогаш било нелегално дури и да постојат. Со исклучок на Илиноис, секоја држава ја криминализираше содомијата во законите кои конкретно ги посочуваат хомосексуалците; во Њујорк, исто така во сила беше закон со кој се забранува да се носи „облеката од другиот пол”.
Според книгата на историчарот Дејвид Картер, „Стоунвол: Немирите што ја иницираа геј-револуцијата“, починатиот активист Дик Леиш напиша дека овие настани се случиле во Стоунвол, бидејќи за разлика од другите њујоркшки геј-барови од тоа време, тоа било место каде што драг квинс, транс-жени и бездомните геј-млади лица можеле да влезат само за три долари.
„Драгс“ и „квинс“, две групи кои наидувале на ладен прием или затворена врата во повеќето геј-барови и клубови, станаа „редовни” во Стоунвол, пишува Леиш. “Друга група, која беше уште повеќе зависна од Стоунвол: многу млади хомосексуалци и оние без покрив над главата.
„Кога беа нападнати, тие се бореа”, продолжи тој. „Тоа, а и фактот дека немаа што да изгубат освен најтолерантното место за хомосексуалци во градот, објаснува зошто започнаа немирите во Стоунвол, кои беа иницирани и предводени од „драг квинс“.
Кој го фрли првиот камен на Стоунвол?
Никој не знае, иако тоа сигурно не беше некој измислен млад бел човек во центарот на Стоунвол, како во некоја приказна на Роланд Емерих. Но, освен фактот дека нема апсолутно никаков начин да се докаже кој официјално започна (или поточно, фрли) некои работи, многу поважно е да им се оддаде признание на луѓето кои протестираа заедно, инсистирајќи на промена на долгиот, темен период на институционализирана дискриминација.
ФОТО: МИА