Што сакаше да каже адвокатот Дуковски кога најави дека ќе фрчат кривични, ако нешто му се случи на Боки?

1247

Денешната изјава на адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, дека ќе летаат кривични пријави, ако нешто му се случи на неговиот клиент, фрла нов сомнеж за случајот „Рекет“.

Многумина изјавата на Дуковски ја поврзаа со неодамнешните наводи во медиумите, според кои, Бојан Јовановски, освен на својата здравствена состојба, се жали дека е подложен на зaкани и на притисоци.

На новинарско прашање од каде доаѓаат притисоците и кој му се заканува на Боки 13, Дуковски одби да одговори, бидејќи како што рече, за тоа нема дозвола од Јовановски.

– Јас се осврнувам на здравствената состојба. Но сакам да кажам дека доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, јавно кажувам дека многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави, кој како сака нека го свати тоа. Ова е изживување. Дали како новинари сте слушнале некој за шест месеци 55 пати да биде носен во болница и притоа да биде уште една недела хоспитализиран. Јас таков случај, за 29 години адвокатски стаж немам видено. Кој како сака нека ме свати – рече Дуковски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...