Што претставува иранскиот нуклеарен договор и зошто е спорен

За време на важноста на договорот Иран е ограничен на ниво на кое не може да произведе бомба и ако договорот денеска се распадне експертите велат дека на Иран би му била потребна најмалку една година да прозиведе бомба.

922

Нуклеарниот договор на Иран со светските сили е ставен на најголемиот дипломатски тест, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од тој договор, пишува Б92.

Суштината на договорот од 2015 година е тоа што со него е наметнато такво ограничување на нуклеарната програма на Иран, кое го спречува да произведе атомска бомба, а во замена доби укинување на повеќето американски и меѓународни санкции. Но, договорот има низа временски ограничувања.

Според неговите одредби, Иран може да одржува резерви од само 300 килограми нискозбогатен ураниум, додека некогаш имаше и сто илјади килограми високозбогатен ураниум.

Иран може да збогатува ураниум само до 3,67 отсто кој може да се користи како гориво за реактор на нуклеарна централа, а тоа е далеку под 90 отсто кои се потребни за производство на оружје.

Договорот исто така го ограничува бројот на центрифуги за збогатување ураниум кој Иран може да ги користи и го ограничува на постари, побавни модели.

Иран го промени реакторот за производство на „тешка вода“ за да не може да произведе плутониум и прифати неговиот објект за збогатување, Фордо, сместен длабоко во планините, да го претвори во центар за истражување.

Тој им даде повеќе пристапи на инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија ди неговите постројќи и воспостави систем кој му овозможува на тоа тело на ОН да проверува и други објекти.

За возврат светските сили ги укинаа строгите економски санкции кои го исклучија Иран од меѓународното банкарство и светската трговија со нафта. Тоа му овозможи на Иран да купува комерцијални авиони и да склучува други зделки. Тоа, исто така, одмрзна милијарди долари кои Иран ги имаше во странство.

Договорот меѓутоа не го спречува Иран да тестира или лансира балистички ракети. Договорот има низа одредби за тоа кога истекуваат одредени рокови.

Во осмата година на пример, Иран може да почне тестирање на најмногу 30 понапредни центрифуги, а тој број може во голема мера да се зголеми две години подоцна.

Петнаесет години по склучувањето на договорот, потпишан во 2015 година, завршуваат ограничувањата за збогатување на ураниум и обемот на залихи на Иран.

За време на важноста на договорот Иран е ограничен на ниво на кое не може да произведе бомба и ако договорот денеска се распадне експертите велат дека на Иран би му била потребна најмалку една година да прозиведе бомба. Ако Иран го прекрши договорот, санкциите можат веднаш повторно да се воведат.

Противниците на договорот тврдат дека тој му овозможува на Иран да изработи бомба, откако ќе заврши важноста на договорот, но Иран категорично вети во договорот дека тоа нема да го направи.

Кога ќе поминат 15 години Иран може да има низа напредни центрифуги подготвени да работат, нема да има ограничување на залихите и тогаш теоретски би можел целосно да се насочи на производство на високо збогатен ураниум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...