Што правите, бре…?!?

2402

Вие само продолжете да се заебавате. Референдумот не се избори за да наебете, ама после него, за вас другарице и другови сељачистички егоисти, интересџии, а и за вашите поддржувачи, идат баш тие, парламентарните избори. Избори на кои, ако продолжите вака, а со ништо не покажувате дека ќе биде другачие, ондак, први ќе настрадате вие, кои, сега глуматате некаква власт и парламентарно мнозинство.

 

Ако продолжите вака, и ако не направите генерална чистка после референдумот, не ги казните политички па и кривично сите негативци кои покажуваат иста дрчност кон народните пари и начин на владеење како и претходните, ондак, најмалку 80% од оние кои на референдумот ќе гласаат “за”, нема да ве одберат вас.

Кое потценување на здраворазумноста, на сиромаштијата, на безизлезот, на депресијата, на нормалноста. Замислете:
„Од 1 септември пратениците од внатрешноста на државата, кои не поседуваат стан или куќа во Скопје, ќе мора да одберат дали ќе патуваат секој ден до работа со свој автомобил, за што ќе добиваат надомест за гориво во висина од 20 отсто и за патарина, или ќе закупат стан за што Собранието ќе издвои средства најмногу до 400 евра, а трошоците за гориво и патарина ќе им бидат покриени само за викенд и за празници.“ – Плусинфо…
Иди и не опцуј на глас, сочно, и гласно. Ало, бе, пратеници, мои и народни застапници! Имате плата и удобности за работа, најквалитетни во државата, имате дипломатска заштитеност, дури државата не може да ве гони за криминали и прекршоци кои предвидуваат казна помала од 3 години затвор, имате имунитет, имате бре, поволности кои една опустошена држава како нашава тешко и со маки ги одвојува за да ви ги надомести, за сега, да бирате, дали ќе патувате секој ден од Свирипичино до Скопје, дали државата ќе ви плаќа наместени станови во ваша сопственост на име на трети братучеди, а во викендите да ви ги покрива и патните трошоци.
Кои сте, бре, вие? За што се замислувате? На што во личиме ние, аздисани јебиветри, а?

Имате бесплатен превоз на територија на цела држава, алооо! И автобуски и шински и езерски. Имате и станови во Скопје, и роднини со станови во Скопје, на кои ќе им плаќате евтина кирија од платите кои ги зимате, а не од моите пари.

Што правите, бре?!?
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...