Што подразбира Трамп под „трговија за будали“

„Чесната трговија треба да се нарече трговија за будали ако не е реципрочна“, напиша американскиот претседател на Твитер.

805

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги нападна западните сојузници со серија твитови од Сингапур, каде што се подготвува за состанок со водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.

„Чесната трговија треба да се нарече трговија за будали ако не е реципрочна“, напиша американскиот претседател на Твитер.

„Според изјавата од Канада, на трговијата со САД тие заработуваат скоро 100 милијарди американски долари (тие се фалат и фатени се на дело!) Минимална 17 милијарди. Ние им плаќаме царина за млечни производи со стапка од 270 отсто. Кога се прозива (премиерот), Џастин (Трудо) се навредува!“, пишува Претседтелот на САД.

Не е јасно на која изјава на кое соопштение од Канада се повикува американскиот претседател.

Според канцеларијата на американскиот трговски претставник, САД минатата година забележале вишок во размената на стоки и услуги со Канада со вкупно 8,4 милијарди долари.

Трамп, исто така, ја нападна Европа, пишувајќи на Твитер дека „Соединетите Американски Држави го сносат речиси целиот трошок на заштитата на НАТО на истите тие земји кои потоа не дерат во трговијата … Европската унија имаше суфицит од 151 милијарда долари – треба да плаќа многу повеќе за војската!“

Војната со зборови избувна меѓу САД и нејзините традиционални сојузници во саботата, кога американскиот претседател на Твитер го нападна канадскиот премиер, домаќин на состанокот на Г7, и ја повлече поддршката за заедничка изјава откако Трудо ги објави противмерките за американските царини за увоз на челик и алуминиум.

Европа и Канада реагираа констернирано на твитовите на Трамп. Франција порече дека меѓународната соработка „не може да се потпира на гнев и мали зборови“, а германската канцеларка ја нарече одлуката на американскиот претседател да ја повлече поддршката за соопштението од состанокот на Г7 „отрезнувачка и депремирачка“.

Подготви: А.Ј.

ФОТО: Видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...