За гаќи и чорапи не мора посебно да се напоменува зашто треба да се
менуваат секој ден, но за константно носење ист градник и обувки луѓето
обично не размислуваат на тој начин.
Од хигиенска гледна точка, но и заради трајност и удобност, не треба секој ден да
се носат исти градници и исти чевли.
Градници
На градниците им треба барем еден ден „одмор“ меѓу две носења, и
тоа не само заради хигиена, туку и заради зачувување на нивниот облик. Со
носење еден ист градник во текoт на целиот ден тој се растегнува, па потребно е
извесно време да се врати во првобитна форма. Се препорачува носење
неколку градници во текот на неделата.
Обувки
Како на градниците, така и на чевлите им требаат денови за „одмор“,
но, исто така, и на стапалата. Со носење ист пар на чевли секојдневно, се создава
притисок на исти точки на стапалата, а како резултат на тоа може да дојде до
болни и спуштени стапала и деформации.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм