Катица Јанева побара јавноста да не биде исклучена од презентирањето на доказите од УСБ од осудениот Зоран Милевски Кичеец за, како што рече, да се види кој манипулира и што е поткуп, а што рекет.
Јанева реагираше откако Обвинителството информираше дека ќе даде докази од УСБ од кое кога ќе се презентираат три фајлови, од еден посебен фајл ќе бидат исклучени новинарите затоа што станува збор за снимени приватни работи меѓу Кичеец и Боки.
Дозвола за да се пуштат доказите од УСБ-то даде и осомничениот Бојан Јовановски, но судијката Васка Николовска Масевска рече дека е должна да ја заштити приватноста и на осуденото лице по што најави дека новинарите нема да ги следат сите изведени докази, односно фајлови од УСБ-то на Кичеец.
Јанева која реагираше дека ќе се прекрши законот ако не се дадат сите докази на обвинителството и дека Русковска требало да мисли на тоа кога ги приложила доказите.
– Да мислевте Вие, немаше да бидеме во оваа судница – ѝ врати Русковска на Јанева.
По жестока расправа меѓу Русковска и Јанева продолжи судењето со изведување докази од УСБ-то на Кичеец.