Што е следно: државни пари за ботокс и силикон? Освестете се!!!

Мојот револт не е насочен кон лицата кои сакаат да го сменат својот пол. Но нивните желби се нивен личен избор, додека болеста на детето за кое вчера видовте дека се собираат донации преку смс пораки не е!!! Желбите на одредени луѓе се нивна лична работа и како таква таа треба да биде платена од нивните сопствени џебови. Граѓаните не се должни да се лечат во катастрофални услови додека нивните даноци се трошат за нешта кои се личен избор на една група на луѓе.

956

Личниот избор не е болест, ИЗБОР Е!

Веста дека Фондот за здравствено осигурување ќе покрива операции за
промена на полот, ме удри како гром од ведро небо.

Прво и најосновно нешто што треба да се знае е дека промената на полот е
зафат што се прави по личен избор. Трансродовите лица не се болни и тие
зафати не би требало да бидат третирани како итни случаи, што ете, треба
да бидат покриени од државата, со други зборови, платени со пари од
даноците на сите граѓани.

Здравството во Македонија се наоѓа во катастрофална ситуација. Нашите
медицински работници се евакуираат од државата. Повеќето од нив учат
германски јазик. Не знам дали во Германија на државен трошок можеш да си
го смениш полот, но знам дека таму и платите и условите за работа на
медицинските работници се неколку десетици пати подобри од тие кај нас.

Ете ви европска мерка, запрете го евакуирањето на македонските лекари и
медицински сестри.

Во Македонија речиси секојдневно некој бара помош за лекување во
странство. Во Македонија има огромен број на луѓе кои својот спас го
бараат надвор, затоа што кај нас или нема доволно добри специјалисти или
ја нема потребната опрема. Дали тоа не го заслужува вниманието на г-нот
Филипче и останатите одговорни лица во Министерството за здравство?

Дали ги средивме државните здравствени установи ширум Македонија? Не!!!
Кога ќе дојде на дневен ред овој проблем? Што е следно: државни пари за
ботокс и силикон? Освестете се!!!

Мојот револт не е насочен кон лицата кои сакаат да го сменат својот пол.
Но нивните желби се нивен личен избор, додека болеста на детето за кое
вчера видовте дека се собираат донации преку смс пораки не е!!! Желбите
на одредени луѓе се нивна лична работа и како таква таа треба да биде
платена од нивните сопствени џебови.

Граѓаните не се должни да се лечат во катастрофални услови додека нивните даноци се трошат за нешта кои се личен избор на една група на луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...