Што е маж без мустаќи?

Како заокружување на мовембер – месецот посветен на машкото здравје и движење кое кај нас сѐ уште не е заживеано, утре, во неодамна отворената галерија „Колектив“ на скопскиот плоштад, настан посветен на мажите. Влезот е слободен за сите.

865

Пуштањето мустаќи има многу подлабоко значење од едноставен украс за машкото лице или трендовско терање мода. Пуштањето брада и мустаќи во месец ноември, познато како движење – Мовембер има за цел да се унапреди свеста за здравјето на мажите, особено ставајќи акцент на ракот на простата и другите малигни заболувања кои го погодуваат посилниот пол.

Ноември е месец посветен на машкото здравје, но и жените се повикани да учествуваат и да им дадат поддршка на мажите отфрлајќи ги бричевите и другите средства за депилација во текот на овој месец.

Движењето започна во 2003.година во Австралија од страна на неколку пријатели кои на шеговит начин посакале да пренесат многу сериозна порака – за превентивата на рак на простата. Почнале да пуштаат мустаќи и за тоа барале донации од роднините и пријателите.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...