Што доколку операцијата трае со часови, а хирургот мора да оди во тоалет? Еден не поминал добро

Еден доктор на форумот Quora го споделил своето искуство.

1479

Едно од прашањата кое никогаш не си го поставуваме е како хирурзите мократ кога се среде повеќечасовна хируршка операција?

Еден доктор на форумот Quora го споделил своето искуство.

„Пред многу години бев на дежурство подолго од 24 часа. Имав итни операции, а ми доаѓаа пациентка по пациентка. Беа тоа итни операции, секоја од пациентките беше во животна опасност. За среќа, сите операции поминаа успешно, но јас трчав од една до друга пациентка, а помеѓу само ги миев рацете“, напишал докторот.

Поради тоа не отишол во тоалет туку трпел, но не можел до крај.

„Кога стасав до четвртата операција, мочниот меур ми беше целосно полн, но не можев да одам во тоалет бидејќи пациентот можеше да искрвави за минута. На крајот од таа операција повеќе не можев да трпам па ја замолив сестрата да ми помогне, но се покажа дека не можам да се потпрам на неа, напишал понатаму докторот.

Додал дека на крајот тој го извлекол подебелиот крај.

„Два дена подоцна ми беше дијагностцирана инфекција на бубрегот, имав висока температура и чувствував болка. Денес на тоа прашање гледам поинаку. Сè додека пациентот е во стабилна состојба, можете да ја покриете резот, да им кажете на сите каква е ситуацијата и да одите во тоалет. Толку заслужувате. Вршењето на физиолошка потреба би ви одзело минимално време и и веројатно не би предизвикало никаква штета кај пациентот“, заклучил тој.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...