Што да направите со книжните банкноти од 10 и 50 денари ?

2370

Од 15-ти следниот месец откако ќе се пуштат во оптек новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, книжните банкноти во истата апоенска вредност нема да бидат законско средство за плаќање.

Граѓаните кои ќе поседуваат книжни банкноти по 15-ти мај ќе може бесплатно да ги заменат за други банкноти или ковани пари во еквивалентен износ во деловните банки. Замената ќе се врши до 15 мај 2019 година, по овој датум замената ќе се врши исклучиво во Народната банка на Република Македонија.

По 15 мај во оптек остануваат кованите пари од 10 и 50 денари.

Полимерните банкноти ќе може да се користат за готовински плаќања, како и за плаќања преку автомати за наплата откако фирмите коишто ги инсталираат овие автомати во Република Македонија ќе ги приспособат нивните софтвери за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари

Народната банка на Република Македонија денеска на својата веб-страница, на официјалната страница на социјалната мрежа „Фејсбук“ и на официјалната страница на социјалната мрежа „Твитер“ објави нов информативно-едукативен текст во кој се презентирани одговорите на повеќе важни прашања на граѓаните во врска со влегувањето во оптек на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари.

Народната банка, најавува дека и во следниот период, на својата веб-страница и на институционалните официјални страници на социјалните мрежи ќе објавува важни информации со цел, точна и навремена информираност на јавноста

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...