Што би значела ВМРО во 21-от век?

1066

Во овие денови кога нашата татковина се наоѓа на крстопат и повеќе од сѐ потребен е национален консензус, често си го поставувам прашањето што би значела по содржина и по смисла ВМРО во 21-от век.

Што би значела кратенката ВМРО ако ги прифатиме принципите, начинот на мислење, идејата и каузата на основачите на организацијата и сите оние дејци низ годините кои ги положиле своите животи за слободата за Македонија?

Можеби ВМРО денеска би значело: Верба, Морал, Родољубие, Одговорност. Принципи кои во 21-от век и особено кога станува збор за политика се огромна реткост за жал.

Во оваа кратенка тешко дека би се препознале голем дел од раководителите на ВМРО-ДПМНЕ, како и сегашните така и оние претходните.

Организацијата и нејзиното дело треба да бидат чувани како светлината, бидејќи точно тоа е онаа искра која што пред 126 години го дигна духот на нашиот народ да се спротистави на ропството. Ако пред толку многу години во едно друго време и други услови, ВМРО имало потреба да биде револуционерна организација и да ги користи методите на насилство, тероризам и атентати, денеска во слободна, самостојна и независна Македонија, треба да се насочи кон новата содржина на ВМРО- Верба, Морал, Родољубие и Одговорност!

И за потсетување на денешниве „патриоти“, пред   112 години по време на битката на Ножот, војводите и комитите не решија да го напуштат врвот или да избегаат, туку останаа и се бореа до последна капка крв за своите идеали.

Бегањето е прекрасна форма на демонстрација на молчелива согласност. Ова не е многу достојно како решение, но заслужува поздравување.

Авторот е претседател на Граѓанско-демократската унија (ГДУ)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...