Дваесет и шест годишниот А.М од Штип заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела, информираше денеска портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Тој во залошништво држел 24-годишна жена и нејзините две деца, истовремено извршил и обљуба врз неа, а нападнал и полициски службеник.
– Од 11 aприл до 22 април пријавениот противправно ја држел оштетената Е.М. заедно со нејзините две малолетни деца во стан на улицата Борис Крајгер“ и во куќа на улица „Широк дол“ во Штип, каде вo повеќе наврати физички ја нападнал, а извршил и обљуба над ошттетената. На 22 април околу 13.30 часот на ул „Широк Дол“ во Штип, при вршење службени работи лишување од слобода на пријавениот, тој физички нападнал полициски службеник од Полициската станица Штип – вели Панајотова.
Таа додава дека СВР-Штип до Основното јавно обвинителство има поднесено кривична пријава против А.М од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода“, „силување“ „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...