Пчералите од штипскиот регион очекуваат добра година и поголема количина мед од своите пчелни семејства. Перо Ѓоргиев, пчелар, вели дека времето е погодно за пчелните семејства, а генерално климатските промени во изминатите години имале влијание врз пчеларството во овој регион, со што намалено им е и производството на мед.
– Во текот на денот има повремени дождови и Сонце. Тоа е добредојдено за пчелите, но доколку има дождови интензивно и го измие цветот и ги исчисти таму е критично за пчеларите. Сметам дека оваа година ќе биде добра, вели Ѓоргиев.
Иако, пчеларите годинава очеку
–Многу пчелари го продаваат медот за 350 денари и сметам дека тоа е е добро. Јас го продавам по 400 денара. Чист мед под 400 денари не смее да се продава, вели Ѓоргиев.
Во Источниот регион има околу 400 регистрирани пчелари и околу 15.000 пчелни семсјства. Со просечни приноси од околу 40 килограми по пчелно семејство, годишно во регионот се произведуваат околу 600 тони мед.