Штипските ловџии во хајки за диви свињи

555

Почна ловната сезона во штипскиот регион. Ловното здружение „Ловец“ од Штип викендов организираше хајка на диви свињи во која учествувале 200 ловџии, а  отстрелани се три диви свињи.

Николче Малинов од „Ловец“-Штип појаснува дека овие хајки се на барање на жителите од лакавичкиот и плачковичкиот регион, бидејќи во текот на летото имале големи штети на земјоделските култури од дивите свињи.

– Ловната сезона започна, а сега на 11. октомври почнува главната сезона за отсрел на див зајак, еребица и, секако, останува дивата свиња – вели Малинов.

Тој денеска информираше дека како ловно здружение ќе имаат организирани хајки и за штетен дивеч, а се лови на сите седум ловишта, кои се дадени под концесија на ова  здружение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...