Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за бегалецот Игор Спасов

77

Штипскиот Основен суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игро Спасов, којшто од вчера се бара преку меѓународна потерница.

Портпаролот и судија во Основниот суд-Штип, Јулијана Недкова за МИА вели дека со новиот претседател, Ѓорѓи Андонов донеле одлука за овој случај јавноста да ја информираат во текот на денешниот ден преку писмено соопштение, коешто ќе биде објавено на веб страницата, а какошто вели таа никој не и забранил да дава изјави за овој случај.

Поранешниот специјалец Спасов е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламетарните избори.

Казната затвор ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми.

Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври. Спасов во понеделникот се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, од вчера доцна попладнето МВР распиша меѓународна потерница по него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...