Штериев: Советот едногласно одлучи да почне постапката за разрешување на Јанева

505

Советот на обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите да ја почене постапката за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. За тоа да го направиме Советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието за тоа да ја продолжи постапката, изјави претседателот на Советот на Јавни обвинители Коле Штериев.

Тој додаде дека очекува во текот на денот Извештајот да го достават до Собранието.

– Извештајот ќе содржи доволно податоци кои законот ги бара за Собранието да може да постапи – изјави Штериев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...