Штербик: Ќе бранам сѐ додека Веспрем има потреба од мене

159

Легендарниот ракометен голман, Арпад Штербик, ги негираше информациите дека ја завршува кариерата.

Штербик кој е еден од најдобрите голмани во историјата на ракометот, нема намера толку наскоро да се пензионира.

– Не знам од каде информацијата, бидејќи на никого не сум му кажал дека ќе се пензионирам, а и не можам да кажам, бидејќи уште не сум одлучил такво нешто. Ако зависеше од мене, никогаш не би отишол во пензија, но еден ден ќе мора и тоа да се случи. Ќе останам во Веспрем додека ме служи здравјето, и додека клубот има потреба од мене – истакна Штербик, кој освои многу трофеи во кариерата, а еден од тие му беше и титулата во Лигата на шампионите со Вардар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...