Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер предупреди на широко распространетата фасцинација од авторитарноста, на која Германија не е имуна, без оглед на добрата економска ситуација на мнозинството граѓани.
Штајнмајер наведе дека и по 70 години повоена стабилност во Германија и во поголемиот дел на Европа, голем број луѓе ја сфаќаат демократијата здраво за готово и не гледаат потреба да се борат за неа.
– Брзите промени во животите на луѓето поради технологијата е вознемирувачка и ги прави луѓето подложни на авторитарни личности кои ветуваат дека ќе ги имаат сите одговори – посочи Штајмајер.
Тој упати апел до сите политичари и партии подобро да работат на толкување на вредностите на демократијата.
ФОТО: EPA / FELIPE TRUEBA