Штајнмаер: Дипломатијата на премиерот Заев е прогресивна вредност за целиот свет 

638

 Премиерот Зоран Заев и претседателот на СР Германија, Франк Валтер Штајнмаер во телефонски разговор ја констатирале историската важност на Договорот од Преспа, како за нашата земја, така и за регионот и Европа, соопшти попладнево владината прес-служба.

Премиерот Заев се заблагодари на претседателот Штајнмаер за поддршката што Сојузна Република Германија ја пружи за време на целокупниот процес на создавање на Договорот од Преспа, како и за поддршката која претседателот ја дава за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО, се наведува во соопштението.

Претседателот Штајнмаер во разговорот ги поздравил дипломатијата и дипломатскиот пример кои премиерот Заев ги дава за регионот и за Европа, оценувајќи ги како прогресивна вредност за целиот свет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...