„Шпигл“ за скандалот во Реал: УЕФА попуштила при допинг контролата кај „Кралевите“

266
ФОТО: EPA/YOAN VALAT

Германски „Шпигл“ откри скандалозни сознанија со помош на „Фудбал Ликс“ поврзани околу Реал Мадрид, односно Серхио Рамос, кој наводно бил допингуван за време на финалето во Лигата на шампионите против Јувентус.

Серхио Рамос бил позитивен на супстанцата дексаметазон, а Светската антидопинг агенција има јасни правила кога станува збор за оваа супстанца.

Тие велат дека лекарот мора пред допинг тестот да ги извести надлежните дека играчот ја користел оваа супстанца, а ако не го направи тоа, а во примероците со крв и урина се појават трагови од дексаметазон, се покренува истрага поради сомнежи за допинг, пишува Спорт клуб.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...