Тој е вистински хваранин, па иако кога зборува македонски има хрватски акцент, се уште барем малку се чувствуваат и трагите од неговиот роден, гостиварски дијалект. А тој си ги сака и Гостивар и Хвар, исто како што ги сака Македонија и Хрватска.
„Јас сум роден во 1970. година во Гостивар, како и мојот брат и двете постари сестри, додека пак родителите ни се родум од гостиварското село Пожаране. Во мое време, кога раснев и одев во училиште во мојот роден град, не беше важно кој од каде доаѓа, сите се дружевме и немаше делби. Сега Гостивар е голем град, луѓето се делат по квартови, не комуницираат како порано и тоа не ми се допаѓа.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.