Шпански град враќа имиња на улици од времето на фашизмот

105

Новата десничарска администрација на шпанскиот град Кордоба одлучи да ги врати имињата на улиците од времето на фашизмот, објавија градските власти.

Конзервативната народна партија, која владее со Кордоба заедно со Либералната партија „Граѓани”, соопшти дека сака да ги врати имињата на популарните улици кои претходната администрација ги смени минатата година.

Активисти и жртви на диктатурата од „Платформа на Комисијата за вистина” соопштија дека ќе се борат против одлуката на властите во Кордоба, за која сметаат дека е нелегална. Тие велат дека таа одлука оспорува закон од 2007 година, со кој е наредено симболите на владеењето на генералот Франческо Франко да бидат отстранети од јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...