Шпанија прв финалист на ЕП во ватерполо

158
FOTO MIA

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на Европското првенство во Будимпешта. Шпанците во полуфиналето ја совладаа Хрватска со 9:8 (по четвртини: 0:1, 4:3, 2:2, 3:2).

Решавачкиот гол го даде Мунарис на 30-тина секунди до крајот на средбата за водство на „фуријата“ со 9:7. Хрватите до крајот успеаја да го ублажат поразот, но не и да израмнат.

Мунарис со три гола беше најефикасен во шпанската репрезентација, лидер меѓу поразените беше Букиќ со два погодоци.

Противник на Шпанија во големото финале ќе биде подобриот од натпреварот меѓу Унгарија и Црна Гора што почнува во 19 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...