Селекции на Шпанија и Португалија ќе играат во осминафиналето на Светско фудбалско првенство.
Во вечерашните средби против Мароко и Иран, репрезентациите од Пиринеите иако не славеа дојдоа до резултати со кои ја обезбедија пласман во нокаут фазата. „Црвената фурија“ одигра само 2-2 со Мароко.
Неизвесно беше и во Саранск каде Португалија и Иран одиграа исто без победник 1-1.
Шпанија е прва во оваа Б група со 5 бода што значи ќе ги одмери силите со домаќинот Русија, а пак Португалија како втора ќе излезе на мегдан со Уругвај.