Најмалку 14 лица се повредени, од кои тројца потешко, во денешната експлозија на пиротехнички средства за време на одбележувањето на традиционалниот празник на елката во каталонскиот град Сентељес во Шпанија.
Три лица, кои се здобиле со течки изгореници, се префрлени в болница.
На местото на несреќата пристигнале 12 амбулантни возила, како и пожарникарски екипи.
Прославата на фестивалот е прекината.