На една од помалку познатите социјални мрежи, но и на каналот Ју тјуб, од лажен профил, повторно оддекнуваат „бомби“, односно нелегално прислушувани разговори помеѓу познати јавни личности. До овој момент, немаме никаква информација дека било кој од надлежните во земјава презема нешто против оваа појава, која е казнива според Кривичниот законик.
Плусинфо дознава дека „бомбите“ потекнуваат од истиот извор од кој потекнуваат и прислушуваните разговори кои, своевремено, беа емитувани на социјалната мрежа Фејсбук, од лажниот профил Никола Тесла.
Портали блиски до еден познат лик од раководството на ВМРО – ДПМНЕ, во моментов објавуваат вести за новите „бомби“, а Плусинфо дознава дека истиот извор се подготвува да емитува нови прислушувани разговори во следните часови и денови.