Видео од шокантно однесување на еден ученик во Хрватска се шири меѓу средношколците во Сплит.
На видеото ученикот со висок тон и се обраќа на професорката, која сакала да го исфрли од часот. Прво ја пцуе, а потоа се заканува дека ќе ја удри со столчето по глава и дека ќе ја запали, пренесуваат тамошните медиуми.
– Сакаш да ми дадеш неоправдани, па дали си нормална … Нема да излезам, сега ќе останам и не ми можиш ништо. Викај полиција – вели меѓудругото.
Потоа седнува во купата и вели дека ќе ја запали професорката. Во позадина се слуша смеа од други ученици.
Во еден момент тој повторно станува и урла:
– Го сакаш столчето во глава?! Ќе одиш ти низ прозорецот. Нема да одам никаде, ќе легнам тука и ќе спијам.
Видеото, кое било пратено од читател на Далматински портал, е замаглено, но без цензурирање на звукот за „да се види во какви услови работат поединци“.