Денеска попладне сопственик на угостителски објект пријавил дека утрово околу 11 часот при проверка на безбедносните камери на угостителски објект во Аеродром, забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.
Известен е Центарот за социјални работи и полицијата и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полицијата утврдила дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето.
– Бевме сведоци на случај каде жена малтретира мало дете. Случајот е пријавен во полиција, тоа што е објавено на нашата страна е само дел од видеото. Имаме петминутно видео, но незнаеме дали жената е мајка, негувателка, дали е во некакво крвно сродство. На видеото се гледа како детето се гуши, жената го носи под едниот од реквизитите- бродот, но тоа не се гледа на снимката, меѓутоа целото видео е предадено на полицијата – вели врабоен во игротеката за ТВ Сител.
ВИДЕО: Либертас