Актерот Џани Русо (75), познат по улогата на Карло Ричи во филмот „Кум“, тврди дека имал афера со холивудската убавица Мерлин Монро кога тој имал 16 години и дека токму тој знае како таа навистина умрела.
Во мемоарите пишува за многу интересни моменти од животот, а се осврнал и на филмската дива Мерлин Монро.
Русо тврди дека најславниот секс-симбол на сите времиња, Мерлин, не умрела од предозирање, како што потврдила и обдукцијата, туку дека ја убил Роберт Ф. Кенеди, братот на убиениот американски претседател Џoн Ф. Кенеди, пишуваат странските медиуми.
Русо вели дека Мерлин била најдобра љубовница и дека сакала на сите да им удоволи. Наводно, Русо со Мерлин имал сексуална афера кога имал 16 години, а таа 33. Само три дена пред нејзината смрт, Русо се фотографирал со славната актерка, а зад камерата бил мафијашкиот бос Сем Гјанцана.
– Мафијата сакаше да ги фати браќата Кенеди во тројка со Мерлин за да го уценуваат претседателот. Нивна цел беше со тоа да го уценуваат за да ја покрене инвазијата на Куба, бидејќи на тој начин контролата врз коцкарниците ќе ѝ се вратеше на мафијата – вели Русо.
Сепак, планот никогаш не се остварил, бидејќи претседателот Кенеди никогаш не се појавил во одморалиштето каде што требало да се најдат.
Русо тврди дека зад смртта на Мерлин стои Роберт Ф. Кенеди.
– Тоа сигурно беше Роберт. Никој друг не би ја убил. Мафијата тоа не би го направила. Им се допаѓаше. Мерлин беше девојка на која ќе ѝ дадете неколку таблети, неколку пијалаци и таа ќе отидеше со секого – рекол Русо. Актерот е сигурен дека Роберт Кенеди сакал да ја заташка љубовната и сексуалната афера со Џон Ф. Кенеди.
„„Човекот познат како „Доктор“ е познат убиец, ѝ вбризга воздух во вената. Умре од емболија, но на патологот му изгледало како предозирање со дрога“, додал тој.
„Мерлин дозна за акцијата и им се закани на мафијашите дека ќе ги пријави во медиумите. Роберт Ф. Кенеди тогаш го испланирал нејзиното убиство“, заклучил Русо.
ФОТО: ИНСТАГРАМ