Студентот Владислав Рослјаков кој наводно извршил масакр во Политехничкото училиште во Керч и убил 19 лица, а ранил повеќе од 70 лица, па потоа извршил самоубиство, се јавил дека е здрав и жив.
Шокантниот пресврт следел после појавувањето на снимката на Јутјуб во која Владислав демантира дека има било каква врска со нападот.
– Медиумите ме прогласија за терорист. Објавија мои фотографии, од мојот профил иако немам никаква врска со тоа – вели тој.
– Не разбирам што се случува. Има многу луѓе кои ќе кажат дека не сум јас, бев на училиште од 9 до 12.30 часот, постојат записи и во дневникот, и на камерите дека бев таму. Ова се глупости. Се плашам дека ќе ме убијат на улица, ја објавил РБЦ изјавата на тинејџерот.