Шкријељ: Децата во групните домови празниците ги поминуваат во семејна атмосфера

Со овој процес, над 180 деца кои живееја во сиви и гломазни институции, целосно запоставени и заборавени, за помалку од две и пол години,

121

Заменската дополнителна министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посети децата од поранешниот дом „11 Октомври”, кои сега живеат во неколку мали групни домови во Скопје.

Како штои соопштија од Министерството за труд и социјална политика, по повод новогодишните и божикните празници, Шкријељ на дечињата им подарила пакетчиња и им посакала да имаат безгрижно детство исполнето со многу љубов, успех и ведра насмевка.

„Со овој процес, над 180 деца кои живееја во сиви и гломазни институции, целосно запоставени и заборавени, за помалку од две и пол години, Министерството за труд и социјална политика, раководено од Мила Царовска и нејзиниот тим, успеа да ги пресели во мали групни домови со семејна атмосфера. Во институциите нема деца, сега сите живеат во топол дом“ стои во соопштението.

Оттаму додаваат и дека нивна цел е децата да го добиваат најдоброто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...