Шкотски чесни сестри монструозно се изживувале врз деца ВИДЕО

929

Шкотската полиција уапсила неколку чесни сестри и други членови на католичкиот дом за деца поради сексуално и физичко злоставување на деца, објавија медиуми.

Полицијата уапсила 12 лица, вклучувајќи ги и чесните сестри, и ги обвинила за физичко и сексуслно злоставување на деца во текот на неколку децении во детскиот дом во Смилум Парк во Ланарк, пишува Гардијан, пренесува хрватски Индех.

Чесните сестри се на возраст меѓу 71 и 93 години.

– Дванаесет лица, 11 жени и еден маж на возраст од 62 до 85 години, се уапсени поради злоставување на деца. Уште четворица ќе бидат пријавени на обвинителството. Истрагата е во тек и би било непримерно натаму да коментираме, изјавила вчера полицијата.

Ги присилувале децата да јадат повраќаници, ги изгладнувале, сексуслно ги злоставувале

Обвиненијата за злоставување на децата во Смилум Парк, кои вклучуваат наводи за сатанистички ритуали, во центарот се на долготрајната истрага за сексуално злоставување на децата во детскиот дом во Шкотска.

Жртвите на организацијата за истражување на злоставени деца СЦАИ раскажале што доживеале во домот, пред тој да биде затворен во 1981 година.

Жртвите изјавиле дека персоналот постојано ги тепал, вербално ги злоставувал, понижувал, им ускратувал храна, ги присилувале да ги јадат сопствените повраќаници, и дека некои жени и мажи сексуално ги злоставувале децата.

Ги претепувале до смрт и ги оставале да умрат од студ

Една жртва раскажала дека шестгодишник умрел во домот поради тешко претепување. Друга жртва рекла дека едно дете умрело откако било оставено голо на дожд три часа.

Семејствата на поранешните штитеници биле згрозени од откритието дека околу 400 деца се закопани во необележани гробови на блиските гробишта.

Повеќе од 11.000 деца било сместено во домот од 1864 до неговото затворање 117 години подоцна. Некои биле сираци, а за другите семејствата не можеле да се грижат.

Длабоко сме вознемирени за овој случај

Прелиминарниот извештај за злоставувањето на децата во Смилум Парк би требало да биде објавен следните недели а целосниот извештај се очекува идната година.
Скотиш Дејли Мејл објавил вчера дека полицијата покренала уште една истрага, против католичкиот ред на сестри од Назарет кој исто така водел детски домови во Шкотска.

Смилум Парк, го воделе ред на сестри милосници, чиј адвокат изјавил дека редот е „длабоко вознемирен од случајот“ и им се извинил на жртвите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...