Шкотски министер поднесе оставка, праќал непристојни пораки на момче

107

Шкотскиот министер за финансии Дерек Мекеј (42) поднесе оставка откако еден весник објавил дека му испратил непристојни пораки на 16-годишно момче.

Мекеј наводно му испратил на момчето над 300 пораки на Инстаграм, велејќи му дека е „слатко“ и го поканил на вечера.

Откако јавно му се извини на момчето и на неговото семејство, Мекеј поднесе оставка на денот кога требаше да го претстави годишниот буџет на шкотската Влада.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...