Во Тетово и Гостивар може бесплатно да се паркира во дворовите на училиштата поради зголемување на бројот на возила со доаѓањето на привремено вработените во странство.
Полицијата и општините образложуваат дека одлуката заеднички е донесена со цел да се овозможи нормален и проточен сообраќај.
– Со доаѓањето на привремено вработените во странсво, кои традиционално дел од летниот одмор го поминуваат во нивните родни краишта, се зголемува и фреквенцијата во сообраќајот во поширокото Полошко подрачје, а со тоа се зголеми и потребата од повеќе места за паркирање во Тетово и Гостивар. За да на се создава метеж Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со Општините Тетово и Гостивар, како привремени паркинг простори ги пушти во употреба дворовите на училиштата на местата каде што има зголемена фрекфенција во сообраќајот – соопштуваа од СВР Тетово.
Во градското подрачје на Тетово, граѓаните нивните возила можат да ги паркират во дворовите на средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, кај старото медицинско училиште, како и кај основното училиште „Истикбал“. Во Гостивар, за оваа намена, привремено се ослободени за паркирање дворовите на сите основни и средни училишта, кои се наоѓаат во градот.
– Апелирааме возачите да ги користат овие привремени паркинг простори, кои се бесплатни и нивните возила да не ги паркираат каде што ќе стигнат. Да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, за да се овозможи нормален и проточен сообраќај – соопштуваат од СВР Тетово.
Казните за погрешно и непрописно паркирање се движат од 20 до 180 евра во денарска противвредност.