Популарната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје ќе се реконструира.
Екипите на Град Скопје денеска почнаа со работа, а освежениот лик „Школка“ треба да го добие за околу еден месец.
– Во наредниот месец ова омилено катче на скопјани после долго време ќе биде целосно обновено и ќе биде подготвено за почетокот на новата богата културно забавна есенска сезона – велат од Град Скопје.