Тетовска Шкендија утре од 14:30 часот ќе го дознае противникот за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Шкендија е носител во првата група пред ждрепката заедно со Астана, Лудогорец, Црвена звезда и АИК Стокхолм.
Шкендија во првото квалификациско коло може да се сретне со еден од овие тимови: Судува (Литванија), Номе Калју (Естонија), Арарат (Ерменија), Френцварош (Унгарија) и Клуж (Романија).
Ждрепката ќе се одржи утре во Нион, Швајцарија, а дуелите се играат на 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули.