Екипата на Шкендија го совлада Вардар со 1-0 и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија по вкупни 3-2 од двата меча.
Агим Ибраими го постигна единствениот гол и по 2-2 во првиот меч донесе голема радост меѓу домашните фанови во Тетово.
Работнички се пласираше во следната рунда откао го совлада Пелистер на стадионот „Борис Трајковски“ со 4-0.
Херера од пенал го отвори резултатот, Марковиќ беше стрелец на вториот гол за „романтичарите“, Јевтоски зголеми на 3-0, а Тошевски од пенал го постави конечниот епилог.
Осминафинале на Купот на Македонија, реванш дуели:
Шкендија – Вардар 1-0 (2-2)
Макдонија ЃП – Брегалница 0-0 (0-1)
Работнички – Пелистер 4-0 (1-1)
Силекс – Шкупи 1-1 (0-0)
Осоговор – Академија Пандев 1-4 (0-3)
Струга Трим Љум – Борец 1-0 (0-0)
Охрид – Лабуништа 2-3 (0-2)