Иако публиката го сака и доаѓа на неговите концерти, Џастин Тимберлејк (39) се присети на еден од најнепријатните моменти во неговата музичка кариера.
Пејачот Џастин Тимберлејк имал исклучително тешки први чекори на светската јавна сцена, а за тоа зборувал кога гостувал во емисијата на познатиот Грејем Нортон.
Тимберлејк одлучил да обелодени дека кон него летале шишиња со урина на настап во Торонто во 2003 година. Тогаш настапувал со легендарниот бенд „Ролинг стоунс“.
Првото шише го избегнал танцувајќи на сцената, а настапот го продолжил изведувајќи песна на клавир, кога уште едно шише полетала кон неговата глава.
– Само се сеќавам дека му реков на бендот пред да излеземе на сцената дека мислам дека ова нема да помине добро. Така и беше – рекол пејачот кој очигледно има добра интуиција.